Целта на транзициските семинари е стекнување на знаења и вештини за:
- справување со промените во транзицијата;
- идентификување на сопствените способности, вештини и потенцијали;
- тестирање на сопствените комуникациски вештини и карактеристики на кариерата;
- поставување на цели и донесување на одлуки за втора кариера;
- развивање на способноста за сопствена презентација (изработка на CV, формирање на мрежа за барање работа, аплицирање за работа, подготовка за интервју и вежба за интервју).
Транзициските семинари се реализираат по приемот на барањето за транзиција по завршетокот на првиот поединечен разговор со кандидатот за транзиција. Транзициските семинари се одржуваат во центрите за транзиција во Скопје, во Штип и во Кичево, а ги изведуваат советниците за транзиција вработени во центрите.
Освен советниците за транзиција во реализација на семинарите по потреба учествуваат и гости - предавачи, специјалисти во одредени области поврзани со потребите и интересот на корисниците на програмата „ЛЕПЕЗА“.
По завршувањето на транзицискиот семинар, советниците за транзиција со секој од учесниците во семинарите спроведуваат втор поединечен разговор каде кандидатите за транзиција ги презентираат сопствените идеи и желби за нивната понатамошна професионална преквалификација и преобука.
Посетувањето на транзициските семинари е услов за вклучување во проектите за стручно оспособување за цивилни занимања.
АГЕНДА ЗА РАБОТА ЗА ВРЕМЕ НА ТРИДНЕВНИТЕ СЕМИНАРИ
| Реден Број | СОДРЖИНА |
| 1 | Отворање на Транзицискиот семинар |
| 2 | Воведно излагање - Програма за подготовка на воениот персонал за враќање во цивилен живот „ЛЕПЕЗА“ - Содржина и функции на програмата;
- Процесот на враќање во цивилен живот - транзицијата;
- Објаснување околу условите и начинот на работа;
- Правни аспекти на транзицијата.
|
| 3 | Претставување на учесниците |
| 4 | Кафе - пауза |
| 5 | - Промена и транзиција;
- Удобни зони;
- Крива на промени.
|
| 6 | Пауза за ручек |
| 7 | Запознај се себеси - Идентификација на сопствените преференции и компетенции
- Ситуациско снимање-симулација на интервју за вработување.
|
| 8 | Кафе - пауза |
| 9 | Поставување на цели и анализа на способности - Избор на кариера;
- Склоност кон работи;
|
ВТОР ДЕН |
| 10 | Анализа на првиот ден |
| 11 | Пишување автобиографија- - Подготовка;
- Составување;
- Видови автобиографии.
|
| 12 | Кафе - пауза |
| 13 | Пишување автобиографија- CV |
| 14 | Пауза за ручек |
| 15 | Пишување на писмо на мотивација |
| 16 | Кафе - пауза |
| 17 | Пополнување на апликации за работа |
ТРЕТ ДЕН |
| 18 | Анализа на вториот ден |
| 19 | Стратегија на сопствен маркетинг - Методи на барање работа;
- Создавање на мрежа;
- Директно обраќање до фирми.
|
| 20 | Кафе - пауза |
| 21 | Стратегија на сопствен маркетинг - Информативен разговор;
- Телефонски повици;
- Интервју-разговор за работа.
|
| 22 | Пауза за ручек |
| 23 | Можности за засновање на сопствен бизнис во Република Македонија |
| 24 | Пополнување на прашалник за евалуација |
| 25 | Кафе - пауза |
| 26 | Анализа на симулацијата на интервју кај работодавачот |
| 27 | - Одговори на прашања на учесниците;
- Идни активности на учесниците;
- Затворање на семинарот.
|