П Р О Е К Т за стручно оспособување на подофицери и професионални војници за цивилни занимања

Целта на проектот за цивилни занимања е подофицерите и професионалните војници коишто ја напуштаат службата во АРМ да се здобијат со знаења, вештини и специфични способности со кои ќе бидат поконкурентни на цивилниот пазар на трудот и ќе можат да најдат работни места соодветни на нивниот степен на образование и нивниот претходен општествен статус.

Специфични цели на проектот се:

- Мотивирање на целната група за посетување на курсеви за преобука или преквалификација,
- Понуда на обуки на целната група заради стекнување на специфишни цивилни знаења и вештини,
- Постигнување на максимални резултати во однос на здобивање на нови професионални вештини и знаења,
- Целосна професионална преориентација и создавање можност за започнување на втора кариера во цивилниот живот,
- Поддршка низ креирање на специфична обука за кандидатите, со која ќе можат да започнат сопствен бизнис,
- Зголемување на степенот на вработеност на целната група и
- Создавање на услови за воспоставување на микрокредитна линија за потребите на целната група.

Очекувани резултати

- Воспоставување на квалитетен систем на организација и реализација на проектот,
- Вклучување на максимален број на лица во преобуката и преквалификацијата (90 % од лицата кои поминале низ транзициските семинари),
- Повторно вработување на минимум 50% од лицата кои поминале низ обуката во периодот на траењето на проектот,
- Целната група да постане конкурентна на пазарот на трудот на Република Македонија,
- Целосно прифаќање на програмата од страна на вработените во МО и АРМ што ќе доведе до вклучување на поголем број на лица во програмата во иднина.

Услови за вклучување и користење на проектот:

- На лицето да му престанала службата во АРМ или да е на списокот на лица на кои им престанува службата во текот на годината,
- лицето претходно да поминало низ поединечни разговори и транзициски семинар, да изработило личен план за кариера и да се определило за одреден вид обука или преквалификација (да доставило барање за обука).

Подофицерите и професионалните војници на кои им завршува службата во Армијата на Република Македонија имаат можност да изберат од следните обуки:

Ред.бр. Вид на обука Изведувач на обуката
1 Обука за менаџмент и претприемништво Центар за развој на нови бизниси
2 Информатичка обука Изборот е во тек
3 Јазична обука Центар за странски јазици при АРМ
4 Занаетчиски обуки РУ „Кочо Рацин“
5 Занаетчиски обуки СЕТУ „Михајло Пупин“
6 Занаетчиски обуки АСУЦ „Боро Петрушевски“
7 Лиценца за обезбедување Комора за обезбедување на имоти и лица
8 Лиценца за одржување на цивилни воздухоплови Управа за цивилно воздушна пловидба
9 Други обуки По избор на кандидатот


Проектот предвидува и индивидуална помош и поддршка на кандидатите во контактите со потенцијалните работодавачи преку организација на саеми и форуми за работа.