Навигација
П Р О Е К Т за стручно оспособување на офицери за цивилни занимањаЦелта на проектот за стручно оспособување на офицерите за цивилни занимања е офицерите коишто ја напуштаат службата во АРМ да се здобијат со знаења, вештини и специфични способности со кои ќе бидат поконкурентни на цивилниот пазар на трудот и ќе можат да најдат работни места соодветни на нивниот степен на образование и нивниот претходен општествен статус. Специфични цели на проектот се: - Понуда на обуки на целната група заради стекнување на специфични цивилни знаења и вештини, - Анимирање на целната група за посетување на одреден вид на преобука или преквалификација, - постигнување на максимални резултати во однос на здобивање на нови професионални вештини и знаења, - целосна професионална преориентација и започнување на втора кариера во цивилниот живот, - Иницирање на кандидатите за започнување на сопствен бизнис, - Зголемување на степенот на вработеност на целната група и - Создавање на услови за воспоставување на микрокредитна линија за потребите на целната група. Очекувани резултати - Воспоставување на квалитетен систем на организација и реализација на проектот - Вклучување на максимален број на лица во стручното оспособување (90 % од лицата кои поминале низ транзициските семинари) - Повторно вработување на минимум 50% од лицата кои поминале низ стручното оспособување во периодот на траењето на проектот. - Целната група да биде конкурентна на пазарот на трудот на Република Македонија - Подобрување на имиџот на програмата – вклучување на поголем број на лица во програмата во иднина. Услови за вклучување и користење на проектот: - На лицето да му престанала службата во АРМ или да е на списокот на лица на кои им престанува службата во текот на годината, - лицето претходно да поминало низ поединечни разговори и транзициски семинар, да изработило личен план за кариера и да се определило за одреден вид обука или преквалификација (да доставило барање за обука П Р Е Г Л Е Д на обуки кои офицерскиот персонал на кој му завршува службата во Армијата на Република Македонија има можност да ги одбере
Проектот предвидува и индивидуална помош и поддршка на кандидатите во контактите со потенцијалните работодавачи преку организација на саеми и форуми за работа. |