П Р О Е К Т за информативна поддршка на програмата „ЛЕПЕЗА”


Целта на проектот за информативната поддршка е навремено, точно, квалитетно и потполно запознавање на вработените во Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија со програмата „ЛЕПЕЗА”, промоција на квалитетите на воениот персонал и поттикнување на интерес кај идните работодавачи за вработување на воениот персонал во цивилните структури по престанокот на воената служба.

ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

Со реализација на овој Проект се очекува да се остварат следните резултати:
  • Да се промени сфаќањето-пристапот кон засновањето на работен однос во АРМ од приемот до пензионирањето,
  • Да се прифати процесот на транзиција кај персоналот во АРМ како процес кој ќе се одвива континуирано во АРМ, како во процесот на трансформација, така и по завршетокот на трансформацијата,
  • Да се формира позитивен став во јавноста за односот и грижата на Министерството за одбрана и АРМ кон вработените, по престанокот на службата во АРМ, а со тоа остварување на позитивно влијание на регрутацијата за АРМ,
  • Да се запознаат идните работодавачи со способностите и квалитетите на воените лица и стварање на подобри можности за нивно вработување во цивилните структури
  • Во процесот на транзиција активно да се вклучат и други институции во Република Македонија.
Информативната кампања се реализира преку внатрешното и надворешното информирање.
  • Внатрешното информирање подразбира информирање на:
  • вработените во МО и АРМ;
  • нераспоредените лица во командите и единиците на АРМ според актите за формацијата и правилниците за систематизација на МО, Воена академија и Воена болница;
  • лица од АРМ кои заминуваат во предвремена пензија;
  • Синдикатот на вработените во одбраната.
Надворешното информирање е насочено кон:
  • јавноста во Република Македонија;
  • работодавачите во Република Македонија;
  • органите на државната управа: Министерство за образование и наука, Министерство за внатрешни работи, Министерство за труд и социјална политика, Министерство за финансии, Министерство за економија и др;
  • локалната самоуправа;
  • меѓународната јавност (НАТО, ЕУ и други владини и невладини организации кои се заинтересирании со трансформациите на армиите во земјите во транзиција);
  • домашните и странските невладини организации во Република Македонија.
Активности во рамките на Проектот:
  • информативни брифинзи и семинари во командите и во единиците на АРМ и на Синдикатот на вработените во одбраната;
  • информативни поединечни разговори;
  • брифинзи во владини институции и во локалната самоуправа;
  • информативни брошури;
  • креирање на Њеб страницата на програмата „ЛЕПЕЗА” и линкови со други институции;
  • написи во весници;
  • информативни емисии;
  • плакати, постери и рекламен материјал;
  • идентификација и имиџ;
  • саеми на труд;
  • меѓународно претставување на Програмата.