Трага: Проекти

П Р О Е К Т за информативна поддршка на програмата „ЛЕПЕЗА“

Целта на проектот за информативната поддршка е навремено, точно, квалитетно и потполно запознавање на вработените во Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија со програмата „ЛЕПЕЗА”, промоција на квалитетите на воениот персонал и поттикнување на интерес кај идните работодавачи за вработување на воениот персонал во цивилните структури по престанокот на воената служба.

П Р О Е К Т за транзициски семинари

Целта на транзициските семинари е стекнување на знаења и вештини за:
  • справување со промените во транзицијата;
  • идентификување на сопствените способности, вештини и потенцијали;
  • тестирање на сопствените комуникациски вештини и карактеристики на кариерата;
  • поставување на цели и донесување на одлуки за втора кариера;
  • развивање на способноста за сопствена презентација (изработка на CV, формирање на мрежа за барање работа, аплицирање за работа, подготовка за интервју и вежба за интервју).

П Р О Е К Т за стручно оспособување на офицери за цивилни занимања

Целта на проектот за стручно оспособување на офицерите за цивилни занимања е офицерите коишто ја напуштаат службата во АРМ да се здобијат со знаења, вештини и специфични способности со кои ќе бидат поконкурентни на цивилниот пазар на трудот и ќе можат да најдат работни места соодветни на нивниот степен на образование и нивниот претходен општествен статус.

П Р О Е К Т за стручно оспособување на подофицери и професионални војници за цивилни занимања

Целта на проектот за цивилни занимања е подофицерите и професионалните војници коишто ја напуштаат службата во АРМ да се здобијат со знаења, вештини и специфични способности со кои ќе бидат поконкурентни на цивилниот пазар на трудот и ќе можат да најдат работни места соодветни на нивниот степен на образование и нивниот претходен општествен статус.

П Р О Е К Т за дообразование

П Р О Е К Т за поддршка на вработување и самовработување

Проектот е во развој