Запознајте се себеси
Во текот на долгогодишната служба во Армијата развивте низа квалитети и способности коишто може да ги искористите во градењето на ВТОРАТА кариера. Ова е само дел од способностите коишто воените лица ги развиле заради потребите на службата: 1. За ефикасно и ефективно извршување на работните задачи на припадниците на Армијата од особено значење е тимската работа. 2. На повисоките нивоа на раководење- повеќе отколку на пониските, важни се способностите за мислење, заклучување, уочување на проблемот ,делегирање на задачи, креативно размислување, предвидување и донесување на одлуки. 3. На сите нивоа на раководење потребна е способноста за комуникација како во пишувана така и во говорна форма. 4. Поради потребите за напредување во службата и способноста за учење се развива кај сите нивоа на раководење. Вие не сте почетници. Во текот на вашата работа развивте многу вештини и способности. Во Табелата бр.1 се дадени само дел од нив. Внимателно прочитајте ги и означете ги со √ тие што сте сигурни дека ги поседувате , а за тие што мислите дека не ви се доволно развиени обележете ги со знакот Х.
Воените лица поседуваат многу особини кои ги развиле низ долгогодишната работа во Армијата. поголемиот дел од тие особини ги поседувате и вие . Кои се вашите особини ?Во Табелата бр.2 се наведени мал дел од особините коишто вие ги поседувате. Доколку поседувате некоја од наведените особини, обидете се да се сетите во кои ситуации сте ја изразиле, и поткрепете ја со пример од службата или од секојдневниот живот.
Ова е само дел од начините како можете да ги идентификувате сопствените квалитети и спосособноти. Во делот подготви се за втора кариера можете да најдете корисни совети и практични вежби кои ќе ви го олеснат процесот на идентификување на сопствените квалитети и способности. |