Трага: Избери втора кариера
Идентификувај ги сопствените јаки страниЗапознајте се себесиВо текот на долгогодишната служба во Армијата развивте низа квалитети и способности коишто може да ги искористите во градењето на ВТОРАТА кариера. Ова е само дел од способностите коишто воените лица ги развиле заради потребите на службата:1. За ефикасно и ефективно извршување на работните задачи на припадниците на Армијата од особено значење е тимската работа. Подготви свое CVСоставувањето на CV кое е точно наменето за вашиот потенцијален пазар претставува суштински елемент за ваше успешно промовирање. CV– то и пропратното писмо претставуваат ваш личен материјал за промоција и како такви мора да содржат елементи кои може да се очекуваат од една ефективна реклама. Следниве предлози ќе ви помогнат да составите една „сопствена реклама” која треба да наиде на позитивен прием кај оној кој ја чита. Подготви се за интервју за работаДоброто CV, одличниот пристап за време на телефонскиот разговор и позитивната стратегија при барање работа ќе ве доведе до неизбежното (а толку посакувано) интервју за работа. Интервјуто е разговор помеѓу кандидатот за работа и интервјуерот каде оној кој ве интервјуира преку прашања ќе се обиде да процени колку кандидатот е соодветен за работното место. Тоа е двонасочен процес во кој оној кој ве интервјуира ќе ги вреднува одговорите на кандидатот и начинот на неговото однесување. Формирај мрежа за барање работаШто претставува мрежата на познанства?Контакт со лица, коишто со нивната работа, местото во одредено претпријатие, можат да го унапредат вашето барање на работа.Што овозможува развивањето на личната мрежа на познаници? |