ЛАЗАР ЕЛЕНОВСКИ

Лазар Еленовски е роден на 19.03. 1971 година во Скопје. Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ каде е и студент на постдипломски студии од областа на Економски развој и меѓународни финансии.

Од март 2001 до декември 2005 ја извршувал функцијата Генерален Секретар на
Евро-Атлантски Клуб на Македонија, а во декември 2005 е избран за Претседател на
Евро-Атлантски Совет на Македонија, членка на Атлантската Асоцијација (АТА), која обединува 40 национални атлантски асоцијации од Северна Америка до Централна Азија.
Со Евро-Атлантскиот Клуб на Македонија како организација чија мисија е промоција и имплементација на евро-атлантската идеја и вредности во македонското општество спровел повеќе кампањи за промоција и поддршка на НАТО и ЕУ интегративните процеси на Македонија, промоција на Јадранската Повелба, преку локалната кампања „Во јато кон НАТО“ во соработка со мрежа на невладините организации низ земјата и локалните власти.

  • Иницијатор и потписник на Декларацијата за Евро-Атлантско партнерство и соработка помеѓу атлантските асоцијации од Албанија, Хрватска и Македонија во мај 2004 година.
  • Еленовски спровел бројни регионални и меѓународни проекти и иницијативи за зацврстување на регионалната соработка, подобрување на стабилноста и безбедноста во земјава и регионот и е еден од основачите на Форумот за безбедност на Централна и Југоисточна Европа - Балкан Мозаик (Central and South Eastern European Security Forum – Balkan Mosaic).
  • Организатор на Балкански НАТО Автобус – младински караван со заеднички активности на младите од регионот со кој се покажа поддршката кон посветеноста на земјите од регионот за целосна интеграција во Алијансата, со приклучување од студенти од IPASS на патот кон НАТО Самитот во 2004 година.
  • Член  на Работната група на Владата на Република Македонија за подготвување на Комуникациската стратегија за подготовки на Република Македонија за членство во НАТО, од февруари 2005 година.
  • Од април 2001 година до мај 2005 бил заменик генерален директор на ЈСП – Скопје.
  • Политички активен од 1992 година.
  • Потписник на Протоколот за Соработка помеѓу СДММ и Младината на PASOK во  Атина, мај 2001 година.
  • Основач на НВО Млади Европјани за безбедност – Македонија (Young Europeans for Security) во 1995 година.
  • Еленовски зборува македонски, албански, англиски, српски и хрватски јазик.
  • Лазар Еленовски е оженет, со едно дете.

 


                                    
english                
на почеток             мапа на сајтот            

министер | структура | нгш | организација | воено образование | закон за одбрана | нато и пзм | линкови
стратегија за одбрана | соопштенија | публикации | прес конференции | фото галерија