ЗАКОН ЗА ОДБРАНА

Глава VIII: Набљудување, известување и тревожење

Член 103

Заради откривање и следење на опасности од воени дејства, природни непогоди, епидемии и техничко-технолошки катастрофи и други несреќи кои можат да ги загрозат луѓето и материјалните добра, како и за известување и тревожење на населението , се организира систем за набљудување, известување и тревожење во Републиката.

Член 104

Набњудувањето и известувањето го организира и подготвува министерството за одбрана.
За опасностите и појавите од член 103 на овој закон органите на државната власт, единиците на локалната самоуправа, трговските друштва, јавните претпријатија, установи и служби се должни да го известат и Министерството за одбрана.
Известување на населението може да врши и Министерството за одбрана.

Член 105

Тревожењето на населението го врши Министерството за одбрана со употреба на знаци за тревожење.
Знаците за тревожење се единствени и со уредба ги пропишува Владата.

Член 106

За потребите на тревожење на населението, по барање на Министерството за одбрана, сопствениците на објектите се должни да дозволат поставување и приклучување на уреди од системот за јавно тревожење на тие објекти.
Трошоците за поставување и одржување на уредите за тревожење и за надомест на штета предизвикана од поставување на уредите за тревожење, се на товар на Министерството за одбрана.

                          

                                    
english                
на почеток             мапа на сајтот            

министер | структура | нгш | организација | воено образование | закон за одбрана | нато и пзм | линкови
стратегија за одбрана | соопштенија | публикации | прес конференции | фото галерија