За органите за државната
власт, трговските друштва, јавните претпријатија, установи и служби
од посебно значење за одбраната, единиците на локалната самоуправа,
цивилната заштита и набљудувањето, известувањето и тревожењето,
Министерството за одбрана организира и подготвува врски за раководење
и криптозаштита во воена и вонредна состојба.
Врските за раководење и криптозаштита
Министерството за одбрана ги остварува преку постојаните капацитети
за телекомуникации во Републиката, интегрираниот комуникациско –
информациски систем на Министерството за одбрана и посебно организирани
врски.
Министерството за одбрана организира
криптозаштита и за потребите на воените претставници на Републиката
во странство, во соработка со Министерството за надворешни работи.
Член 102
Корисниците на системите
за врски преку кои се врши пренос на податоци и документи од значење
за одбраната, се должни да ги применуваат мерките за криптозаштита,
противелектронско обезбедување и другите мерки за заштита.