Глава
VI: Обврски на трговските друштва, јавните претпријатија,
установи и служби и единиците на локалната самоуправа
а)
Обврски на трговските друштва и јавните
претпријатија
Член
90
Во воена состојба трговските друштва и јавните претпријатија имаат
обврска да преземаат мерки за заштита и спасување на работниците
и материјалните добра од воени дејства, природни непогоди и други
несреќи и од последици предизвикани од нив.
Член 91
Во воена состојба јавните претпријатија, како и трговските друштва
кои се од посебно значење за одбраната имаат обврска за продолжување
на производството и вршење на услугите.
Трговските друштва од посебно значење за одбраната со уредба ги
определува Владата.
Член
92
Јавните претпријатија и трговските друштва од посебно значење за
одбраната имаат обврска да се подготвуваат за остварување на производството
и за вршење услуги во услови на воена состојба.
Член
93
Јавните претпријатија и трговските друштва од посебно значење за
одбраната, имаат обврска да учествуваат во изведувањето на вежбовните
активности.
За учеството во изведувањето на вежбовните активности, јавните претпријатија
и трговските друштва од посебно значење за одбраната имаат право
на надоместок.
Начинот на учеството во изведувањето на вежбовните активности и
висината на надоместокот се утврдува со договор со Министерството
за одбрана.
Член
94
Во воена состојба, по исклучок, трговските друштва имаат обврска
да вршат производство и вршат услуги по барање на Владата, под услови
и начин утврдени со меѓусебен договор.
Член
95
Во воена состојба, јавните претпријатија и трговските друштва од
областа на енергетиката, сообраќајот, врските, комуналните дејности
и градежништвото имаат обврска да дадат приоритет на задоволување
на потребите на Армијата, органите на државната власт, силите на
цивилната заштита, што ги формира Републиката, трговските друштва,
јавните претпријатија, установи и служби од посебно значење за одбраната.
Приоритетот за задоволување на потребите од став 1 на овој член,
поблиску се определува со уредба што ја донесува Владата.
б) Обврски
на јавните установи и служби
Член
96
Во воена состојба, јавните установи и служби имаат обврска да преземаат
мерки за заштита и спасување на работниците, корисниците на услугите
кои ќе се најдат кај нив и материјалните добра од воени дејства
и природни непогоди и други несреќи и од последиците предизвикани
од нив.
Член
97
Во воена состојба јавните установи и служби од областа на здравството,
социјалната заштита, предучилишното и основното воспитание и образование
имаат обврска за продолжување со работа.
Во воена состојба, обврска за продолжување со работа имаат и јавните
установи и служби од средното, високото стручно и високото образование,
како и од областа на науката и културата кои со уредба на Владата
се определени како јавни установи и служби од посебно значење за
одбраната.
Член 98
Јавните установи и служби од член 97 на овој закон имаат обврска
да се подготвуваат за остварување на својата дејност во воена состојба.
Член 99
Јавните установи и служби од член 97 на овој закон имаат обврска
да учествуваат во изведувањето на вежбовните активности.
За учеството во изведувањето на вежбовните активности јавните установи
и служби од став 1 на овој член имаат право на надоместок.
Начинот на учеството во изведувањето на вежбовните активности и
висината на надоместокот се утврдува со договор со Министерството
за одбрана.
в) Обврски
на единиците на локалната самоуправа
и Градот Скопје
Член
100
Во воена состојба органите на единиците на локалната самоуправа
продолжуваат да ги извршуваат работите утврдени со закон и имаат
обврска да преземат мерки за заштита и спасување на граѓаните и
материјалните добра на своето подрачје од воени разурнувања, природни
непогоди и други несреќи и од последиците предизвикани од нив.
Единиците на локалната самоуправа имаат обврска да се подготвуваат
за извршување на обврските од став 1 на овој член на начин утврден
со нивниот статут.