Прописите чие донесување
е предвидено со овој закон ќе се донесат во рок од една година од
денот на неговото влегување во сила, освен прописите од член 142,
143 и 144 – Глава XII Планирање, што ќе се донесат нјдоцна за две
години.
Член 173
Со денот на влегување
во сила на овој закон, престанува да важи Законот за одбрана ("Службен
весник на РМ", бр. 8/92 и 30/95).
Прописите донесени
врз основа на Законот од став 1 на овој член ќе се применуваат до
донесувањето на прописите од член 172 на овој закон, доколку не
се во спротивност со одредбите на овој закон.
Член 174
Овој закон влегува
во сила осмиот ден од денот на објавувањето во "Службен весник
на Република Македонија".