ЗАКОН ЗА ОДБРАНА

Глава XVII: Казнени одредби

Член 168

Со парична казна од 5.000 денари до 30.000 денари или со казна затвор до 60 дена ќе се казни за прекршок граѓанинот ако:

 

1) не даде средства или добиток по основ на материјална обврска или податоци во врска со нив (член 14);
2) не го извести Министерството за одбрана за намерата за патување во странство (член 67);
3) не го извести Министерството за одбрана за промена на податокот значаен за водење на воената евиденција (член 88 став 3);
4) не се отповика на покана од надлежен орган (член 89);
5) не дозволи поставување и приклучување на уреди за јавно тревожење (член 106 став 1);
6) не гради засолниште (член 111 став 2);
7) не ги чува и штити тајните податоци на одбраната или не ги извршува пропишаните мерки за заштита на тајните податоци (член 138 став 2);
8) врши снимање или научни и други истражувања без одобрение на Министерството за одбрана (член 141 став 2).

Со казната од ств 1 на овој член ќе се казни за прекршок и странски државјанин ако не даде средства или добиток по основ на материјална обврска (член 15).

Член 169

Со парична казна од 20.000 денари до 50.000 денари или со казна затвор до 90 дена ќе се казни за прекршок припадник на Армијата ако организира политичка партија или здружение на граѓани во Армијата, ако во вршењето на службата во Армијата се раководи од своите политички убедувања или ако на политички собири и манифестации учествува во воена униформа или манифестира партиски обележја, симболи или други знаци на политички партии (член 47).

Член 170

Со парична казна од 100.000 денари до 300.000 денари ќе се казни за прекршок трговско друштво, јавно претпријатие, установа или служба ако:

1) не обезбеди бесплатно сместување, исхрана и парични примања на војникот на служење на воениот рок во цивилна служба (член 9 став 3 и член 153);
2) не даде на користење средства или добиток по основ на материјална обврска или податоци во врска со тоа (член 14);
3) не даде податоци за воените обврзници кои се од значење за водење на воената евиденција (член 88 став 2);
4) не преземе мерки за заштита и спасување на работниците, материјалните добра и корисниците на услугите во воена состојба (член 90 и член 96)
5) не продолжи со производство и вршење услуги во воена состојба (член 91 и член 97);
6) не се подготвува за производство и вршење услуги во воена состојба (член 92 и член 98);
7) не учествува во изведување вежбовни активности (член 93 став 1 и член 99 став 1);
8) во воена состојба не даде приоритет на задоволувањето на потребите на Армијата, органите на државната власт, силите на цивилната заштита што ги формира Републиката, трговските друштва, јавните претпријатија, установи и служби што се од посебно значење за одбраната (член 95 став 1);
9) не ги применува мерките за криптозаштита, противелектронско обезбедување и други мерки за заштита (член 102);
10) не го извести населението и Министерството за одбрана за опасностите од воени дејства, природни непогоди, епидемии, техничко-технолошки катастрофи и други несреќи кои можат да ги загрозат луѓето и материјалните добра (член 104 став 2);
11) не дозволи поставување и приклучување на уреди од системот за јавно тревожење (член 106 став 1);
12) не гради засолниште и други заштитни објекти (член 111 став 2);
13) не ги чува тајните податоци на одбраната и не ги извршува мерките пропишани за заштита на тајните податоци (член 138 став 2);
14) врши снимање од воздух и други видови истражувања без одобрение на Владата или Министерството за одбрана (член 141).

За прекршокот од став 1 на овој член ќе се казни со парична казна од 5.000 денари до 30.000 денари или со казна затвор до 60 дена и одговорното лице во трговското друштво, јавното претпријатие, установа или служба.
Со казната од став 1 на овој член ќе се казни и странското трговско друштво или трговец-поединец ако не даде средства или добиток по основ на материјална обврска.

Член 171

Со парична казна од 5.000 денари до 30.000 денари или со казна затвор до 60 дена ќе се казни за прекршок одговорното лице на единицата на локалната самоуправа ако не презема мерки за заштита и спасување на граѓаните и материјалните добра и не се подготвува за извршување на обврските од областа на одбраната (член 100).

                          

                                    
english                
на почеток             мапа на сајтот            

министер | структура | нгш | организација | воено образование | закон за одбрана | нато и пзм | линкови
стратегија за одбрана | соопштенија | публикации | прес конференции | фото галерија