ЗАКОН ЗА ОДБРАНА

Глава XV: Инспекциски надзор

Член 162

Инспекциски надзор за спроведување на овој закон и другите прописи од областа на одбраната вршат инспектори за одбрана во Министерството за одбрана.
Инспекцискиот надзор од став 1 на овој член во органите на државната власт, Армијата, трговските друштва, јавните претпријатија, установи и служби од посебно значење за одбраната и единиците на локалната самоуправа, се врши во согласност со овој закон.

Член 163

Инспектор за одбрана може да биде лице со соодветно високо образование и работно искуство во областа на одбраната од најмалку 4 години.
Инспекторите за одбраната имаат легитимација.
Образецот за легитимацијата и начинот на нејзиното издавање ги пропишува министерот за одбрана.

Член 164

Во вршењето на инспекцискиот надзор од член 162 на овој закон, инспекторите се овластени:

 

- да остваруваат увид во спроведувањето на овој закон и другите прописи од областа на одбраната;
- да предложат мерки за отстранување на утврдените неправилности и недостатоци во определен рок.

Во вршењето на надзорот, инспекторот е должен на субјектите од член 162 став 2 на овој закон да им дава помош во спроведувањето на законите и другите прописи од областа на одбраната.

Член 165

За извршениот инспекциски надзор инспекторите се должни да состават записник, кој ќе му го предадат на одговорното лице каде е вршен инспекцискиот надзор и на министерот за одбрана.
Во записникот се внесува констатираната состојба и предложените мерки и рокови за отстранување на недостатоците и неправилностите.
Одговорното лице од став 1 на овој член е должно да постапи според записникот и да го извести инспекторот за преземените мерки.
Ако при вршењето на надзорот, инспекторот смета дека повредата на прописите преставува прекршок или кривично дело, должен е до надлежниот орган да поднесе барање односно пријава за покренување соодветна постапка.

Член 166

Поблиски прописи за начинот на вршење на инспекцискиот надзор донесува министерот за одбрана.

                          

                                    
english                
на почеток             мапа на сајтот            

министер | структура | нгш | организација | воено образование | закон за одбрана | нато и пзм | линкови
стратегија за одбрана | соопштенија | публикации | прес конференции | фото галерија