ЗАКОН ЗА ОДБРАНА

Глава XIII: Финансирање

Член 145

Финансиски средства за потребите на одбраната на Републиката се обезбедуваат од Буџетот на Републиката.
Финансиски средства за потребите на одбраната на Републиката може да се обезбедат и од други извори, во согласност со закон.
Финансиски средства за органите на државната власт за потребите на одбраната се обезбедуваат од Буџетот на Републиката, во рамките на финансиските средства на тие органи.
Финансиските средства за единиците на локалната самоуправа за потребите на одбраната се обезбедуваат од нивните средства во согласност со закон и од средства на Републиката.
Трговските друштва, јавните претпријатија, установи и служби од посебно значење за одбраната финансиски средства за потребите на одбраната обезбедуваат од сопствени средства и од средствата на Републиката.

Член 146

План за финансиски средства потребни за Министерството за одбрна што се обезбедуваат со Буџетот на Републиката, изработува Министерството за одбрана.
Со финансискиот план од став 1 на овој член се искажуваат по програми, потпрограми, намени, задачи и динамика потребните финансиски средства за остварување на функциите на единиците, командите и установите на Армијата, цивилната заштита и другите активности на Министерството за одбрана.
Начинот и постапката за изработка на планот од став 1 на овој член се утврдува со правилник што го донесува министерот за одбрана.

Член 147

За висината на средствата на Буџетот на Републиката за потребите на одбраната одлучува Собранието на Републиката.
Во согласност со Буџетот на Републиката, Министерството за одбрна врши реализирање на одобрените финансиски средства и по потреба врши ревизија на нивната реализација.
За реализацијата на средствата од став 2 на овој член, Министерството за одбрана ги известува Владата и Собранието на Републиката.

                          

                                    
english                
на почеток             мапа на сајтот            

министер | структура | нгш | организација | воено образование | закон за одбрана | нато и пзм | линкови
стратегија за одбрана | соопштенија | публикации | прес конференции | фото галерија