ЗАКОН ЗА ОДБРАНА

Глава XII: Планирање

Член 142

Заради систематски, рационален и плански развој на одбраната на Републиката се воведува систем на планирање, програмирање и буџетирање на одбраната.
Основен носител, организатор и реализатор на системот на планирање, програмирање и буџетирање за потребите на одбраната е Министерството за одбрана.

Член 143

Планирањето на одбраната се остварува како планирање на развојот, оперативно и тековно планирање.
Планирањето на одбраната претставува континуиран процес и се организира и реализира како долгорочно, среднорочно и краткорочно.

Член 144

Планирањето се врши преку основни и специјализирани планови, програми, потпрограми, активности и потребни ресурси за нивна реализација.
Бројот, видот, содржината, називот, како и начинот на изработка и реализација на плановите и програмите на одбраната ги определува министерот за одбрана.

                          

                                    
english                
на почеток             мапа на сајтот            

министер | структура | нгш | организација | воено образование | закон за одбрана | нато и пзм | линкови
стратегија за одбрана | соопштенија | публикации | прес конференции | фото галерија