ЗАКОН ЗА ОДБРАНА

Глава X: Обучување за одбрана

Член 127

Обучувањето за одбрана опфаќа активности за стекнување на неопходни, военостручни и други знаења за учество на граѓаните, органите на државната власт, јавните претпријатија, трговските друштва и јавните установи и служби од посебно значење за одбраната, како и единиците на локалната самоуправа во одбраната на Републиката.

Член 128

Обучувањето на граѓаните за одбрана се организира и спроведува во Армијата, Центарот за обука за одбрана и во образовните институции.

Член 129

Обучувањето на Армијата се уредува со правилник што го донесува Министерот за одбрана.

Член 130

Обучувањето во Центарот за обука за одбрана се организира и спроведува заради обучување на кадри за потребите на одбраната, силите на цивилна заштита и на воените обврзници кои не се распоредени во резервниот состав.
Спроведувањето на обуката во Центарот за обука за одбрана се уредува со правилник што го донесува министерот за одбрана.

Член 131

Содржината и начинот на спроведувањето на обучувањето за одбрана во образовните институции се врши според наставни планови и програми што ги донесуваат министерот за одбрана и министерот надлежен за работите на образованието.

Член 132

Во остварувањето на обуката за одбрана на резервниот состав на Армијата, Министерството за одбрана може да соработува со здружение на граѓани на воени старешини.

                          

                                    
english                
на почеток             мапа на сајтот            

министер | структура | нгш | организација | воено образование | закон за одбрана | нато и пзм | линкови
стратегија за одбрана | соопштенија | публикации | прес конференции | фото галерија