ЗАКОН ЗА ОДБРАНА

Глава I: Основна одредба

Член 1

Одбраната на Република Македонија (во натамошниот текст: Републиката) се организира како систем за одбрана на независноста и територијалниот интегритет на Републиката.

Одбраната на Републиката ја остваруваат граѓаните, органите на државната власт и вооружените сили како Армија на Република Македонија (во натамошниот текст: Армијата).

Трговските друштва, јавните претпријатија, установи и служби и единиците на локалната самоуправа и Градот Скопје (во натамошниот текст: единиците на локалната самоуправа) можат да извршуваат определени задачи во областа на одбраната.

Одбраната на Републиката може да се остварува и преку соработка со колективните системи за безбедност и одбрана во кои Републиката пристапила.

Одбраната на Републиката се остварува во согласност со Уставот на Република Македонија, законите, Стратегијата за одбрана на Републиката, други документи и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот на Република Македонија.

                                    
english                
на почеток             мапа на сајтот            

министер | структура | нгш | организација | воено образование | закон за одбрана | нато и пзм | линкови
стратегија за одбрана | соопштенија | публикации | прес конференции | фото галерија