СТРАТЕГИЈА ЗА ОДБРАНА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Скопје, септември 1998 година

Предговор

I. Опкружување
  - Опасности
  - Перспективи

II. Вредности и интереси
  - Вредности
  - Интереси

III. Одбрана
  - За системот на одбрана
  - За реформите во Армијата

 


III. Одбрана

А. За системот на одбрана

1. Во моментов одбраната се соочува со предизвикот од длабока трансформација, предизвикана заради нејзиното неопходно преструктуирање според нормите и стандардите на НАТО. Иако постои правило дека мерките треба да се преземаат чекор по чекор, на урамнотежен начин и врз основа на социјалната прифатливост, сепак процесот се сведува на вложување на огромни напори заради длабочината на промените.

2. Република Македонија, во согласност со нејзиниот развој во модерна и демократска држава, цивилната и демократската контрола врз вооружените сили ја смета како една од најголемите придобивки на развиените западни демократии. Нејзините натамошни активности за развој и унапредување на состојбите во оваа сфера треба да бидат повеќеслојни и насочени во повеќе области.

3. Подобрување на местото и улогата на Собранието во одбраната, покрај неговите уставни и законски надлежности, треба да е насочено кон поактивно учество во конципирањето на одбраната, донесувањето на буџетот за одбрана балансиран со другите потреби на државата, како и перманентното информирање за состојбите и тенденциите за развој на одбраната.

4. Извршната власт (Владата, Министерството за одбрана и другите органи на државната управа), покрај одбрамбените надлежности утврдени со Уставот и закон, посебно е потребно да посвети внимание на доизградување на инструментите за спроведување на одбрамбената политика утврдена со Собранието и Претседателот на Република Македонија, на правилно и наменско трошење на буџетот за одбрана, на доизградување на инструментите за остварување на раководењето и командувањето со одбраната, а особено со вооружените сили, на преструктуирање, димензионирање, опремување, професионализирање и подготовка на Армијата, согласно човечките ресурсуи и економските можности на земјата, на редизајнирање на военообразовниот систем, базиран на сознанијата од НАТО и големината и потребите на постојаниот и резервниот состав на Армијата, на грижата за заштита на животниот стандард во воените старешини и цивилните лица, како и животот и условите за работа на војниците.

5. Значајно место во остварувањето на демократска контрола врз вооружените сили и одбраната во целина зазема и подобрување на информирањето на јавноста за состојбите и тенденциите во развојот на македонската одбрана. Тоа треба да се оствари особено со редовно и годишно издавање на Бела книга на одбраната на Република Македонија, достапност на информации преку ИНТЕРНЕТ, како и со редовни контакти на министерот за одбрана и службите за односи со јавноста на одбраната со домашните и странски медиуми.

6. Република Македонија својата одбрана треба да ја изградува како систем кој ќе и овозможи оптимално обезбедување и заштита на нејзиниот суверенитет и интегритет. Системот за одбрана се базира на изградба на вооружените сили, способни да водат вооружена борба, како и цивилна одбрана изградена во оптимален сооднос, која ќе обезбеди континуитет на функционирањето на државата и нејзиниот политички и економски систем, ќе ја поддржи вооружената борба и вооружените сили и ќе преземе комплексни мерки за заштита на своето население.

7. Системот за одбрана, а особено Армијата, треба да ја реадаптираат својата структура и соодветно да го проценат степенот на ангажираност на персоналот, според нормите и стандардите на НАТО. Единиците да се сконцетрираат во помалку гарнизони и да се подготвуваат во поширок спектар на задачи, за брзо и практично дејствување, и со далеку помалку финансиски средства на располагање. На ваков начин ослободените финансиски средства потребно е да се пренасочат во зголемување на опремувањето и побрза професионализација на Армијата. Во смисла на планирањето, организцијата и човечкиот напор, сето ова претставува предизвик кој никогаш порано не бил почувствуван во одбраната на Република Македонија.

8. Цивилната одбрана, особено силите за цивилна заштита треба соодветно да ги следат овие промани. Република Македонија цивилната одбрана ја третира како дел од системот на одбраната со свое соодветно место, улога, организација и задачи.

9. Утврдувајќи ја неминовноста од натамошно преструктуирање на целината на одбранбениот систем, а посебно на Армијата, само по себе се наметнува и редефинирањето и реформата на цивилната одбрана. Во овој дел посебна тешкотија може да претставува немањето на заеднички норми и стандарди на НАТО земјите за организацијата на цивилната одбрана. Но, сепак, општите правила за местото, улогата, задачите и организацијата на цивилната одбрана на дел од земјите членки и комитетите и телата на НАТО, треба да овозможат добивање на сознанија за правилно насочување на реформата во овој дел на системот на одбрана. Покрај реформските зафати во другите делови на цивилната одбрана, потребно е да се изврши и преиспитување на бројот на силите ангажирани во цивилната одбрана, посебно во делот на цивилната заштита. Согласно промените треба да се изгради и нов систем на оспособување и обука на лицата ангажирани во цивилната одбрана.

10. Редефинирањето на глобалното место, улога и значење на цивилната одбрана треба да се гледа и од аспект на нејзината поставеност во однос на воената (вооружените сили) заради зголемување на нивната меѓусебна ефикасност и координација.

11. Промените во сите области на одбраната треба да ги следи модерно и ефикасно организирана и административна структура. Ова значи дека паралелно со реформските процеси потребно е да се одвива и реформата на организацијата и функционирањето на Министерството за одбрана.

12. Раководењето со одбраната во мир и војна се остварува со извршување на уставните и законските функции на законодавната и извршната власт. Во мир и војна судската власт ги извршува своите функции утврдени со Уставот. Командувањето во Армијата се заснива врз единство во командувањето при употребата на силите и средства, едностарешинство и обврска за извршување на одлуките и наредбите на претпоставениот старешина, од војник до министер за одбрана и до врховен командант. Со ова без никакви посебни тешкотии ќе биде можно да се вклопат националните со интернационалните (НАТО) норми и процедури за раководење, командување и контрола.

13. Разузнавачката дејност, како единствена и комплементарна, на Република Македонија треба да и обезбеди навремено предупредување од закани по нејзината безбедност. Во таа смисла треба да се преземат побрзи чекори за дооспособување на Агенцијата за разузнавање заради навремено предупредување на стратегиски закани по безбедноста на Република Македонија, рано предупредување за потенцијални кризи и со тоа да ја олесни работата на превентивната дипломатија, да придонесе за подобрување на контраразузнавачките активности, да обезбеди навремена стратегиска и друга разузнавачка поддршка при планирањето и во текот на воените операции, како и да ги зајакне разузнавачките односи и размената на податоци значајни за одбраната со странските разузнавачки служби, посебно во областите каде нашите разузнавачки способности се ограничени.
За внатрешните потреби на единиците и штабовите на Армијата на Република Македонија, Министерството за одбрана да вгради и организира разузнавачки елементи во сите единици, штабови и команби на Армијата, неопходни за планирање и водење на воените операции и следењето на борбениот распоред и делување на непријателските единици во допир или предвидени да се вклучат во борба и/или друг вид на дејство против нашите сили пред и во текот на евентуална вооружена борба. Овие елементи мора да се во постојана соработка, единство и комплементарност со Агенцијата за разузнавање.

14. Основна рамка и извор за продолжување на процесите на преструктуирање на Армијата треба да се научените лекции од нашата досегашна меѓународна соработка заради усвојување на знаењета сврзани со нормите и стандардите кои важат во НАТО сојузот. Промените се неопходни поради избегнување на можноста од создавање гломазна и трома, а со цел да се изгради помала и помобилна Армија, базирана на добиените сознанија, принципи и стандарди кои важат во земјите членки на НАТО.

15. Натамошните промени треба да се одвивааат во неколку подолу опишани насоки и дефинирани рамки.Организациско-формациски промени на Армијата треба да се насочат кон преиспитување и нијансирање на мирновремениот состав на Армијата и изградба на мала и мобилна армија, соодветна на регрутниот потенцијал на земјата, динамиката на професионализација, степенот на опременост со вооружување и друга борбена и неборбена техника и очекуваната динамика на нејзино опремување во период од 5-10 години во согласност со економските можности на земјата.

16. Потребно е да се нивелира и соодносот меѓу мирновремениот и воениот состав со димензионирање на воениот (резервниот) состав на Армијата, согласно проектираната динамика на опремување и економските можности на Земјата, посебно со средствата кои од буџетот за одбрана можат да се издвојат за оваа намена, водејќи сметка да се обезбеди негова 100% обука во циклус од 4 – 6 години.

17. Од особено значење за реформите е продолжувањето на процесот на проверка и имплементацијата на ПАРП целите за постигнување на интероперативност и применливост на НАТО стандардите врз целиот состав на Армијата, посебно логистиката. Како еден од инструментите кои треба да се копристат е и индивидуалната потреба за партнерство помеѓу РМ и НАТО.

18. Важно е да се забрза и процесот на имплементација на сознанијата за обука, изведување на вежби и совладувања на тактички и други вештини според правилата, доктрината и другите акти добиении од НАТО.Во оваа насока да се редефинира и сегашната поставеност на военото образование, стручно усовршување и обука, со посебен акцент на интензивна изградба на подофицерски кор, нивно школување и дефинирање на нивното место и улога во Армијата, адекватно и според местото и улогата на подофицерите во армиите на земјите членки на НАТО, особено на Соединетите Американски Држави.

19. Најитно треба да се преземат мерки со кои ќе се подобри познавањето на официјалните НАТО јазици, пред се на англискиот јазик, со крајна цел секој македонски старешина и цивилно лице, како и голем број од војниците, да го владеат англискиот јазик.

20. Соодветно значење и во согласност со потребите и нивото на соработка да му се даде и на изучувањето на францускиот, односно германскиот јазик.

21. Во Република македонија согласно нејзината правна регулатива основен начин на пополнување на мирновремениот состав на Армијата е општата воена обврска, која важи за граѓаните на Република Македонија од машки пол. Во пополнувањето на офицерскиот и подофицерскиот кадар имаат право да се вклучат и граѓаните од женски пол. Следејќи ги економските можности, човечките и другите ресурси, историската традиција и концептот на организирање на војската, воената обврска ја сметам за право и должност на граѓанинот и како индивидуално учество во одбраната на татковината и зачувувањето на мирот и слободата.

22. Модерните предизвици на крајот на овој век, видовите на конфликти и појавата и напредокот на високата технологија во сферата на оружјето и опремата, како и искуството и сознанијата на земјите членки на НАТО придонесоа Република Македонија сериозно да размиалува и да започне со професионализација на својот војнички состав. Со ова Република Македонија сака да обезбеди подобрување на мобилноста и борбената готовност на Армијата за полесно и поефикасно справување со сите предизвици кои ги носи модерното војување, како и оружјето и воената опрема.

23. Професионализацијата на Армијата на Република Македонија е неминовен процес, но несмее да го забавува пред се економскиот процес на Република Македонија. Професионализацијата треба да се гледа како процес и циклус со 10 годишни проекции, следејќи ги економските можности на земјата и средствата кои се издвојуваат за одбрана, како и динамиката на опремување на Армијата на Република Македонија.

24. Република Македонија заради својата традиција и опкружување се определи за комбиниран модел на мирновремениот состав на својата Армија. Покрај зголемувањето на професионалниот состав, со едновременото спроведување на општата воена обврска граѓаните на Република Македонија се оспособуваат за извршување на задачите сврзани со закани од воена опасност или војна. Република Македонија секогаш мора да има население оспособено за нејзина одбрана. Овој пристап го сметам за дел од одбрамбената доктрина на Република Македонија.

25. Одбраната како функција од посебен државен интерес се финансира од буџетот на Република Македонија.Со средствата планирани за одбраната ние всушност вршиме трансформирање на националната одбранбена политика во финансирана одбранбена програма.

26. Во буџетската процедура правото и обврската на иницијативи, нацрти и предлози на извршната власт, а Собранието на Република Македонија како законодавно тело ја има буџетската власт. Во оваа насока мојата сугестија е буџетските средства за одбрана да се во соодност и во функција на бруто домашниот производ и јавната односно буџетската потрошувачка, кои треба да се основни лимитирачки фактори што имаат одраз на способноста на Република Македонија да ги задоволи своите одбрамбени потреби.

Б. За реформите во Армијата

27. Имајќи ја предвид потребата од преструктуирање на Армијата според нормите, критериумите и стандардите на НАТО и нивното достигнување и иплементирање, неминовно мора да констатираме дека според сегашните организациско – формациски решенија на Армијата и динамиката на професионализација потребно е да се оди на повисока фаза на внатрешна реорганизација на Армијата.

28. Се планираше низ обука годишно да се проведат 20% од единиците на резервниот состав, меѓутоа пред се, поради недостаток на финансиски средства во изминатиот период од постоењето на Армијата низ обука се проведени вкупно 30% од единиците на резервниот состав. Затоа е потребно мирновремениот состав да се преиспита и преструктуира, а резервниот состав да се намали. Притоа, циклусот на обука на резервниот состав треба да трае 4 – 6 години, а должината на обучувањето да биде во распон од 3 до 10 дена во зависност од видот и намената на единицата.

29. Достигнатиот степен на прилагодување кон западните модели на обучување бара и условува понатамошни промени. Заради зголемување на квалитетот и ефикасноста во обучувањето, потребно е бројот на центри за обука на регрути да се намали и да се сведе на 1 центар за обука на војници по договор, 1 центар за обука на пешадиски единици, 1 за обука на останатите родовски единици, 1 за обука на специјални единици, 1 за обука на граничните единици и 1 за обука на логистичките единици.

30. Досегашниот начин на редовна месечна обука на старешините во единиците и командите е потребно да се замени со оспособувањето на старешините и командите за раководење и командување како што е организирано во НАТО, односно секоја вежба да започне со организациски процес на донесување на одлука и планирање, а да продолжи со раководење во борбени дејства.

31. Поставеноста на системот за логистика не е според стандардите на НАТО. Преструктуирајќи ја штабната структура на Армијата според НАТО, во состав на Генералштабот да се формира управа – служба за логистика со соодветни функции. Оваа промена ќе бара адекватни промени и во Министерството за одбрана, кое пред се би требало да има логистички-општи и управно плански обврски и функции, опремување и набавки, развој на вооружување и воена опрема, стандардизација и обучување на кадри.

32. Доктринарната определба за мала, мобилна армија која ќе одговори на предизвиците во регионот, ограничените транзициони финансиски мажности, определбата за влегување во НАТО и потребата од усовршување на системот за поедноставно управување бара нов концепт, во чија основа би било оспособување на Армијата за самоодбрана. Нашата определба треба да биде, со персоналот со кој располагаме, со вооружувањето кое го имаме и кое ќе го набавуваме, со расположивите финансиски средства за набавка на опрема и оружје, да извршиме организациско-формациско преструктуирање на Армијата според нормите и стандардите на НАТО.

33. Преструктуирањето треба да се изврши во рок од 10 години, во две фази кои би траеле по 5 години. Реформите на мирновремениот состав треба да имаат приоритет, при што вкупниот состав да се дим