СТРАТЕГИЈА ЗА ОДБРАНА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Скопје, септември 1998 година

Предговор

I. Опкружување
  - Опасности
  - Перспективи

II. Вредности и интереси
  - Вредности
  - Интереси

III. Одбрана
  - За системот на одбрана
  - За реформите во Армијата

 


II. Вредности и интереси

A. Вредности

1. Основите на националната безбедносна и одбранбена политика се предодредени и условени од основните вредности, во кои во основа спаѓаат:

- заштита на животот и личната безбедност на граѓаните;
- гарантирање на независноста и територијалниот интегритет на државата, политичките слободи, граѓанските и човековите права, вклучувајќи ги и правата на религиозните, етничките, малцинските и други групи;
- гарантирање материјална благосотојба и просперитет на граѓаните.

Б. Интереси

2. За остварувањето на овие вредности на безбедносната политика, во која безбедноста се третира интегрално, се дефинирани и следниве интереси на Република Македонија:

- економска и политичка интеграција во ЕУ;
- политичка односно воена интеграција во колективните системи за безбедност – ООН, ОБСЕ, НАТО, ЗЕУ;
- развивање и заштита на демократските институции на политичкиот систем;
- развивање на економскиот систем врз принципите на пазарната економија;
- еднаква спремност за соработка со сите соседи;
- организирање на сопствен систем на одбрана.

3. Еден од основните интереси на Република Македонија е членството на НАТО. Република Македонија гледа на НАТО како на еден од клучните столбови на модерната европска безбедносна архитектура. Во таа смисла, Република Македонија цврсто ги поддржува процесите за трансформација на Алијансата како нова безбедносна рамка на Европа, внатрешно прилагодена и проширена со повеќе земји членки, со засиленото Партнерство за мир и со активниот Евро-атлантски партнерски совет. Во тој правец мислиме дека зоната на безбедност треба паралелно да се проширува и кон југот на Европа, поточно, со земјите кои би влегле во јужното крило на НАТО. Со ова Алијансата би го зацврстила своето јужно крило, а земјите коишто би станале членки на НАТО, меѓу кои и Република Македонија, би можеле уште поконструктивно да придонесуваат во произведувањето, а не само во конзумирањето мир и безбедност во регионот на Југоисточна Европа. Впрочем, и во досегашниот период Република Македонија со својата вкупна внатрешна и надворешна политика произведуваше мир и безбедност на Балканот.

4. Република Македонија своето членство во НАТО го смета како трајна определба, за што во државата постои широк политички и општествен консензус. Одлуката е резултат на нашата стратешка определба за активно учество во изградбата на пошироката безбедносна структура во евроатлантската област.

5. Република Македонија е свесна за нерационалноста и недоволната ефикасност на изолираниот систем на одбрана на малите и економски недоволно моќни земји. Затоа уште од самиот почеток на создавањето на својот систем за одбрана се ориентира кон учество на активностите на колективните системи за безбедност, со крајна цел зачленување во НАТО.

6. Од витален интерес за нас е и нашата активна улога во Партнерството за мир. Членството во ПзМ треба да помогне одбранбениот систем на Република Македонија да се изгради на модерни основи, по примерот на системите кои постојат во западните демократии, односно да стане ефикасен, димензиониран во согласност со економскииот потенцијал и безбедносната состојба на земјата, како и под цивилна контрола на демократски избрана власт. Меѓу останатото, членството во ПзМ треба да ни овозможи пренесување на искуствата и избегнување на дилемите и проблемите кои земјите  членки на НАТО ги имале во процесот на изградба и усовршување на своите одбранбени системи, со крајна цел – постигнување интероперативност на нашиот одбранбен систем со нив.

7. Во општите, но не помалку важни интереси на Република Македонија, е и нејзиното учество и креирање на безбедноста во рамките на безбедносниот систем во светот, каде што значајно место и улога имаат ООН, ОБСЕ и ЕУ-ЗЕУ. Од интерес за Република Македонија е и постојаното унапредување на регионалната и билатералната соработка во областа на одбраната.

8. Посебно место, вредност и интерес на Република Македонија зазема нашето учество во НАТО/ПзМ , во духот на ПзМ активностите и вежбите, каде што низ практична реализација се врши оспособување на нашите офицери, подофицери, војници и цивилни лица за совладување на процедурите, методите и техниките на работа на штабовите и единиците за учество во операции за одржување на мирот, хуманитарни и операции од општа природа според процедурите и стандардите на земјите членки на НАТО. Колективното планирање на силите, заедничкото оперативно планирање, мултинационалните формации, раководењето во време на кризи, процедурите на консултација, заедничките стандарди, опремата, обуката и логистиката, заедничките комбинирани вежби и соработката во инфраструктурата и вооружувањето ги оценивме како неопходност за целосното гарантирање на нашата безбедност. Исто така, наш придонес кон интеграцијата во НАТО е нашата подготвеност да овозможиме активности и престој на сили на НАТО на нашата територија.

                                                                                      

                                    
english                
на почеток             мапа на сајтот            

министер | структура | нгш | организација | воено образование | закон за одбрана | нато и пзм | линкови
стратегија за одбрана | соопштенија | публикации | прес конференции | фото галерија