СТРАТЕГИЈА ЗА ОДБРАНА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Скопје, септември 1998 година

Предговор

I. Опкружување
  - Опасности
  - Перспективи

II. Вредности и интереси
  - Вредности
  - Интереси

III. Одбрана
  - За системот на одбрана
  - За реформите во Армијата

 


I. Опкружување

А. Опасности

1. Политичките и воените фактори што доведоа до воена и политичка поларизација на европскиот континент (поларизација позната како поредок на студена војна) ја изгубија својата сила кон крајот на 80-тите години на овој век. Големиот историски експеримент на создавање  диригирано општество се покажа како нереален и неуспешен. Со тоа за Европа се создадоа услови да се изгради траен и проверен поредок што ќе ги обедини сите Европејци. Целите на овој нов поредок се низ соработка да се избегне опасноста од големи агресии и нови катастрофи на тлото на европскиот континент. Но, во Европа сеуште има ризици од војна, нечовечност, репресии и непожелен развој на настани што го загрозуваат мирот на одделни земји и со тоа можат да предизвикаат опасност за меѓународната заедница. Безбедносната состојба сега се одликува со динамичен развој на адаптација на секоја земја одделно на новите состојби на соработка, односно на предизвикот да се најде себеси во новиот поредок, при што во одделни случаи меѓународната заедница се соочува со конфронтација е минато, но остана националната, верската, големодржавнта и територијалната, кои во комбинација со економските, политичките и социјалните транзициони проблеми на државите од поранешниот социјализам и во новиот милениум на Европа можат да и пренесат дел од злото, војни и неправди на едни кон други.

2. Денешниот широк спектар на акутни и потенцијални кризи и конфликти не претставуваат ризик за една поголема војна во Европа. Но, природата на денешните судири, ризиците и честата желба за решавање на проблемите со оружје укажуваат на постоење на уште многу нестабилни региони. Во најголем број на случаи не може однапред да се предвиди како и во кој правец ќе се развиваат кризите и конфликтите, а често не е можно да се предвидат сите нивни последици.

3. Во овој период се појавија и нови извори на загрозување на националниот и глобалниот мир и безбедност: експанзија на милитантен национализам, повампирување на идеите за создавање на т.н. големи етнички чисти држави, етнички и религиозни конфликти, религиозен фундаментализам, неконтролирано ширење и употреба на средства за масовно уништување, транснационален тероризам, шверц со оружје, шверц со дрога, перење пари, еколошка деградација и други. Технолошкиот напредок, меѓународната економија и еколошките закани ги надминаа рамките на земјите и континентите. Затоа опасностите што произлегуваат од овие нови извори на загрозување ги усложнија задачите за обезбедување на националниот и глобалниот мир и безбедност.
Крајот на овој век не соочи со едно помасовно и поорганизирано зло, како што е тероризмот кој не бира жртви и каде страдаат невини луѓе. Оваа појава ги надминува националните граници и можности на една земја, за што е потребна широка и координирана акција на меѓународната заедница за нејзино искоренување. Република Македонија на својата територија и како членка на меѓународната заедница доследно ќе ги почитува и ќе помага во спроведувањето на сите меѓународни конвенции и договори за борба против тероризмот и со сите свои можности ќе се бори против истиот.

4. Денес, практично ниту една држава во евроатланската област не е во состојба сама, изолирано да се заштити од овие извори на загрозување. Затоа сите се соочуваме со потребата од уште поголема соработка во колективните системи за безбедност и одбрана и за нивна доизградба и прилагодување кон нивните потреби. Во ваквите услови најголемиот дел од изворите на загрозување на мирот и стабилноста на Република Македонија имаат идентични карактеристики како во останатите земји во евроатланската област.

5. Силите кои се спротиставуваат на процесите на демократизација и интеграција се залагаат и за нови поделби и прегрупирања, со што не се исклучува можноста од нови вооружени судири во евроатланската област. Во тој случај Република Македонија со својата централна геостратегиска положба на југот на Балканот неизбежно би била зафатена од такви судири.

6. Безбедноста може да биде загрозена и при отворање на ново воено жариште во регионот, меѓу некои од нашите соседни земји и земјите од регионот.

7. Безбедноста на Република Македонија може да биде загрозена и од можните тенденции за создавање на глобални политички сојузи кои допираат до земјите од регионот како резултат на старите идеолошки определби или по основ на т.н. неформални алијанси (православни вертикали и муслимански хоризонтали).

8. Безбедноста на Република Македонија може да биде загрозена и од политички сили во регионот кои преку пенетрации од различен вид можат да се обидат да ги остварат своите идеи за суштинско и битно влијание врз политиката што ја води Република Македонија, а особено нејзината опција за приклучување кон европските инеграции.

9. Заради географската местоположба територијата на Република Македонија од некои сили може да се смета погодна за премин на терористички групи поддржувани од некои земји заради изведување на терористички акции во било кои трети земји.

10. Како извор на загрозување на мирот и стабилноста во некои земји од регионот и надвор од него досега се појавија и меѓуетнички и религиозни конфликти.

Б. Перспективи

11. Безбедносната политика мора да биде сеопфатна во нејзиниот пристап, да ги пресече корените на конфликтите, ако е можно пред тие да добијат милитантни размери.

12. Почетните демократски и економски чекори се направени. Заради општата европска безбедност и просперитет сите треба да бараат начини и модалитети за избегнување на можноста од создавање на безбедносен вакум во определени региони кои можат да ја загрозат безбедноста на Европа во целина. Заради ова Република Македонија се стреми и полага право на интеграција во евроатланските безбедни структури, со еднакви права во постојните западни институции, особено во Советот на Европа, ЕУ и НАТО. Единствено овој начин и овој пат можат да ги елиминираат сегашните и идни ризици од конфликти во Европа во новиот милениум.

13. Денес Европа е во предзорјето на новата ера. Интенциите на повеќето држави се интегрирање во НАТО и ЕУ како основи за обезбедување просперитет и стабилност на континентот. Република Македонија, исто така, сака да се приклучи и да има своја улога во продлабочувањето на односите и проширувањето на евроатланските интеграции, со што ќе има шанса да стане дел од големото семејство и фактор на мирот и напредокот на Европа.

14. Република Македонија смета дека е подготвена да ги вложи сите свои напори за подобрување на сопствената и безбедноста на Југоисточна Европа и Европа во целина. Патот на интегрирање во евроатланските интеграции е тежок но е без алтернатива доколку сакаме во новиот милениум да ја подобриме сопствената и безбедноста на Европа како целина.

                                                                                      

                                    
english                
на почеток             мапа на сајтот            

министер | структура | нгш | организација | воено образование | закон за одбрана | нато и пзм | линкови
стратегија за одбрана | соопштенија | публикации | прес конференции | фото галерија