СТРАТЕГИЈА ЗА ОДБРАНА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Скопје, септември 1998 година

Предговор

I. Опкружување
  - Опасности
  - Перспективи

II. Вредности и интереси
  - Вредности
  - Интереси

III. Одбрана
  - За системот на одбрана
  - За реформите во Армијата

 


Предговор

Стратегијата и определбите во неа за изградбата и натамошниот развој на системот на одбраната се базира на неделивоста, неотуѓивоста и непреносливоста на суверенитетот на Република Македонија, на неповредливоста на границите, неделивоста и неотуѓивоста на територијата, уставната функција на вооружените сили за заштита на територијалниот интегритет и независноста на Република Македонија и посебно на тоа што никој нема право да признае окупација на Република Македонија или нејзин дел.

Стратегијата за одбрана на Република Македонија не е насочена против ниедна друга земја, туку во основа е одбранбена и насочена кон одвраќање од агресија, но и одбрана на Република Македонија во случај на агресија од било каков вид и со било каква цел.

Безбедноста на нашата земја, нашите граѓани, суверенитетот и територијалниот интегритет и вредностите утврдени со нашиот Устав се најважната задача на органите на државната власт на Република Македонија.

Од првиот ден на независноста Република Македонија цврсто се придржува кон две главни стојали што на нејзината надворешна и безбедносна политика - еднаква спремност за соработка со своите соседи и интегрирање во системите за колективна безбедност и одбрана, со нагласени и јасни чекори за членство во НАТО и продлабочување на пријателството и врските со САД. Република Македонија исто така ја гледа својата иднина во рамките на Европската Унија.

Република Македонија не ќе може во мир и слобода да ужива во безбедна иднина доколку не даде свој придонес во подобрување на безбедноста во Југоисточна Европа и Европа како целина. Со приклучувањето во ПзМ и стремежот за членство во НАТО сака да придонесе за изградба на евроатлантска заедница на заеднички вредности и единствена верба, што се стреми кон спречување на војна, избегнување на опасностите кои можат до истата да доведат, како и кон изградување на праведен и стабилен меѓународен поредок во кој човековите права и правата на малцинствата ќе бидат до максимум заштитени.

Во ова време на драматични промени во Европа и светот неопходно е да соработуваме со нашите партнери и пријатели за да можеме да придонесеме во спречувањето на разните нови видови на ризици по безбедноста на Република Македонија, Југоисточна Европа и Европа во целина. Во овој контекст треба да се изградува одбраната на Република Македонија, а посебно нејзините вооружени сили.

Република Македонија смета дека само НАТО претставува единствен гарант за стабилноста и безбедноста на Европа. Република Македонија не гледа дека освен НАТО постои друга, така организирана и ефикасна структура која може на многу ефикасен и брз начин (од идеја до акција) да обезбеди стабилност, спречува конфликти, учествува во зачувувањето и градењето на мирот во Европа и да биде гарант за одржување на стабилноста и безбедноста на Европа.

Без регионална соработка и добрососедски односи речиси и да не е можно да се зборува за безбедноста на Југоисточна Европа. Во таа смисла, секоја земја треба да даде свој сопствен придонес во градењето на добрососедските односи, меѓусебната доверба и зацврстувањето и продлабучувањето на соработката, особено во одбраната, како предуслови за зајакнување на европската безбедност. Оваа соработка е единствено добра доколку е во духот на ЕАПС/ПзМ принципите и областите за соработка помеѓу земјите членки на НАТО и членки на ПзМ и не е на штета на ниту една земја.

За одбраната на татковината можеме, сакаме, умееме и имаме доволно човечки и интелектуален потенцијал да се справиме со проблемите и тешкотиите и да ги оствариме програмите со кои ќе се операционализираат натамошните реформи на одбранбениот систем заради остварување на крајната цел: потполно и во согласност со ресурсите и можностите заокружување на одбранбениот систем, кој ќе биде способен целосно да ги извршува функциите и задачите сврзани со одбраната на Земјата.

Република Македонија може и мора да ја бранат нејзините вооружени сили, нејзината Армија, преструктуирана и изградена според принципите и стандардите на НАТО. Реализирајќи го ова ќе им овозможиме на граѓаните на Република Македонија и на нашата политика да имаат подобри основи за остварување на нашата искрена желба за наше зачленување во НАТО, потполно свесни дека само со членството во овој Сојуз до крај ќе ја заокружиме безбедноста на Република Македонија и со членството заеднички и рамноправно ќе придонесеме за зацврстување на сопствената и европската безбедносна архитектура.

Активното учество во ЕАПС, зголемувањето на нашиот придонес во регионалната соработка, соработката во разрешувањето на отворените прашања со соседите, постојаното наше учество во градењето на демократските институции, унапредувањето на човековите права и слободи, демократската и цивилна контрола врз вооружените сили, ги сметаме за неопходни предуслови за зачленување во НАТО.

Учеството во НАТО/ПзМ вежбите, школувањето и усовршувањето на нашите воени и цивилни кадри во земјите членки на НАТО, доследното и потполно реализирање на индивидуалната партнерска програма и ПАРП (процес на анализа и проверка) целите за постигнување на интероперативност и интероперабилност ги цениме како неопоходни чекори и водечка нишка за преструктуирање на нашиот одбранбен систем и вооружените сили според нормите и стандардите на НАТО.

Во оваа стратегија се содржани моите гледања за опкружувањето на Република Македонија, нејзините вредности и интереси кои се водечка нишка за изградба на одбранбениот систем и предмет на одбрана и заштита, како и мојот поглед и насоки за одбраната на Република Македонија.

Киро Глигоров        
Претседател на            
Република Македонија

                                    
english                
на почеток             мапа на сајтот            

министер | структура | нгш | организација | воено образование | закон за одбрана | нато и пзм | линкови
стратегија за одбрана | соопштенија | публикации | прес конференции | фото галерија