СООПШТЕНИЕ





Денес, 27 февруари 2006 година, во седиштето на НАТО во Брисел, на покана на фондацијата Dr. Manfred Worner- Circle, министерот за одбрана на Република Македонија, Јован Манасијевски, имаше обраќање на тема Македонија –пример на успешни одбранбени реформи.
На настанот присуствуваа стотина гости, амбасадорите од земјите членки на НАТО и Партнерството за мир(ПзМ), претставници од дипломатскиот кор во НАТО, како и претставници од воено-индустрискиот сектор.
Министерот Манасијевски во своето обраќање, говорејќи за постигнувањата во областа на одбраната, истакна дека "Учеството во мировни мисии со свои сопствени сили и капацитети претставува незаменливо искуство за нас.Учеството во операциите ИСАФ и Слобода за Ирак остануваат на нашата агенда.Во контекст на перманетно зголемување на нашето учество во мировни операции,на неодамнешната конференција за генерирање на силите за понатамошна експанзија на ИСАФ, Република Македонија декларираше уште една единица на ниво на чета од 1-та пешадиска моторизирана бригада составена од 85 лица која е подготвена да биде ангажирана во Авганистан, во рамките на контигентот на Обединетото Кралство, од мај 2006 година".Со тоа, во споредба со минатата година, Република Македонија речиси тројно ќе го зголеми своето учество во мировните мисии.
За време на престојот во Брисел, министерот за одбрана, Јован Манасијевски оствари билатерални средби со Амбасадорката на САД во НАТО, Викторија Нуланд и со Амбасадорот на Обединетото Кралство во НАТО, Питер Рикетс.


27.02.2006

Mинистерство за Одбрана

                                    
english                
на почеток             мапа на сајтот            

министер | структура | нгш | организација | воено образование | закон за одбрана | нато и пзм | линкови
стратегија за одбрана | соопштенија | публикации | прес конференции | фото галерија