Историја на АРМ

Република Македонија со сопствена одбрана
12.07.1997

      На 21 февруари 1992 година претседателот Киро Глигоров и претставниците на федералната армија потпишуваат договор за дислокација на ЈНА од Македонија со краен рок до 15 април. Армијата повлекувањето го завршува пред определениот рок, така што на 27 март 1992 година македонската територија ја напушти и последниот нејзин војник.

федералната армија заминува од Република Македонија

      Со одвлекувањето на опремата и вооружувањето со кое располагаше ЈНА на територијата на Република Македонија, нашата земја остана со скромни борбени средства и воена опрема која беше во рамките на Територијалната одбрана. Сепак со нив успешно почна да се спроведува обуката и да се подготвува новоформираната Армија на Република Македонија за извршување на својата уставна улога и задачи.

      Претходно, македонските војници организирани во Територијална одбрана успешно го извршија преземањето и обезбедувањето на границите и воените објекти на Република Македонија. Така, на 6 март 1992 година е превземен првиот воен објект- зградата на Републичкиот и Градскиот штаб на ТО во Скопје, а на 11 март 1992 година, од страна на ТО Крива Паланка е превземена правта караула "Рамна нива" на македонско – бугарската граница. На 26 март 1992 година припадниците на ТО на општина Чаир во Скопје го презедоа и последниот, но и најголем воен објект – сегашната касарна "Илинден".

од примопредавањето на воените објекти и установи

      По завршувањето на сите подготовки за прием на первата генерација македонски војници во АРМ, на 14 април 1992 година, во касарната во Охрид пристигнува првиот регрут – Пане Јамадиев од Велес, а на 15 април во касарните во Скопје, Битола, Штип и Охрид е примена првата генерација млади војници во АРМ со што и започнува формирањето на Вооружените сили на Република Македонија.

македонско знаме на караулите на АРМ

      Старешините и граѓанските лица на служба во АРМ кои се определија да останат во Република Македонија, ги прифатија основните системски решенија на државното раководство како единствена алтернатива на одбраната на Репубика Македонија.

1992, почесна смотра на првата генерација млади војници на АРМ, претседателот Киро Глигоров

                                    
english                
на почеток             мапа на сајтот            

министер | структура | нгш | организација | воено образование | закон за одбрана | нато и пзм | линкови
стратегија за одбрана | соопштенија | публикации | прес конференции | фото галерија