Историја на АРМ

Периодот на Втората светска војна
12.07.1997

      Периодот на втората светска војна претставува окупација од фашистичките сили но истовремено и вклучување на страната на антихитлеровската коалиција, како и интензивен отпор на македонскиот народ и националностите од овој простор со цврста определба за создавање сопствена држава во рамките на федералната заедница Југославија. Ова е период во кој, почнувајќи од 7 април 1941 година до 2 август 1944 година, доаѓа до создавање на неопходните политички и воени претпоставки за заокружување на македонската државност.

      Почетокот на организираното вооружено востание, под раководство и команда на воено-политичко македонско национално тело, е нападот на окупаторската жандармериска станица во Прилеп – на 11 октомври 1941 година.

формирање на баталјонот "Мирче Ацев", Славеј планина 18 август 1943

      Во март 1943 година доаѓа до реорганизација на политичкото и воено раководство при Главниот Штаб на Народноослободителните партизански одреди на Македонија (ГШ на НОПОМ) се проширува и преименува во Главен Штаб на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија (ГШ на НОВ и ПОМ), а територијата на Македонија во 5 оперативни зони ја контролираат околински и обласни комитети со воени штабови. Тоа доведува до формирање на првите единици на Нароослободителната војска на Македонија, а како прва поголема воена единица е баталјонот “Мирче Ацев “, формиран на 18 август 1943 година. Овој ден се смета за Ден на создавањето на организирана македонска војска и како таков е прифатен и за Ден на Армијата на Република Македонија.

      Натамошното организирано формирање на воени единици во ранг на баталјони и бригади доведува до организирање и изведување на воени операции со комбинирани форми на вооружена борба, што резултира со нови ослободени територии. Од посебно значење е што овие борбени успеси на 2 август 1944 година се заокружуваат со одржувањето на Првото заседание на АСНОМ на кое Македонија е прогласена за федерална држава во рамките на Демократска Федеративна Југославија. Конституирањето на македонската држава нужно ги разграничува ингеренциите и обврските во областа на военото прашање со јасна концепција за втемелувње на македонскиот одбранбен систем како гарант на иднината на државата. ГШ на НОВ и ПОМ се ослободува од дел од политичките функции, пред се во однос на извршувањето на народната власт. Тоа му овозможува севкупното внимание да им го посвети на вооружената борба и раководењето со завршните операции за ослободување на земјата.

бистата на генерал Михајло Апостолски во Министерството за одбрана      Веќе на 4 август 1944 година е донесена одлука да се конституира Главен одбор на единствениот Народноослободителен фронт на Македонија, да се спроведе општа мобилизација, да се формираат дивизии и корпуси и народното стопанство да се мобилизира за обезбедување на Народноослободителната војска. Епилогот е очекуван: во октомври, птретходно реорганизираните воени оперативни зони се претвараат во корпусни области и се формираат: Прв Македонски, Брегалничко-Струмички и Кумановско-Скопски корпус.

      Во завршните операции за ослободување на земјата, до 15 мај 1945 година, организирана во три корпуси, 7 дивизии, 22 ударни, 4 артилериски, 3 пионерски и 1 коњичка бригада, македонската војска брои 110.000 борци и старешини, од кои 26.000 ги дадоа своите животи за иднината на Македонија, а околу 18.000 се најдоа по логорите, затворите и интернациите.

                                    
english                
на почеток             мапа на сајтот            

министер | структура | нгш | организација | воено образование | закон за одбрана | нато и пзм | линкови
стратегија за одбрана | соопштенија | публикации | прес конференции | фото галерија