На
17 ноември 1991 година Собранието го усвојува
Уставот на Република Македонија, според кој Република
Македонија е суверена, самостојна, демократска
и социјална држава, а одбраната на државата се
организира со сопствени вооружени сили.
На
19 декември истата година Собранието на Република
Македонија донесува Декларација за меѓународно
признавање на Република Македонија како суверена
и независна држава.
На
14 февруари 1992 година Собранието на Република
Македонија донесува Закон за одбрана во која таа
се организира како систем за одбрана на независноста
и територијалниот интегритет на Република Македонија.
Во
почетокот на 1992 година Владата на Република
Македонија ги повикува македонските старешини
од поранешните простори на СФРЈ како и старешините
од просторот на Република Македонија (без оглед
на нивната национална припадност) да пристапат
во редовите на АРМ и донесува одлука за нивно
работно ангажирање.

Поаѓајќи
од член 51 од Повелбата на Организацијата на ОН,
на секоја суверена држава и се признава правото
да организира сопствена одбрана. Според Уатавот,
Република Македонија е дефинирана како суверена
и самостојна држава. Тоа за Република Македонија
знчи не само основа за организирање своја одбрана,
туку и меѓународен легитимитет за формирање сопствен
одбранбен систем.
Уставот
на Република Македонија одбраната на земјата ја
дефинира во посебно поглавје, а во членот 122
прецизира дека “Вооружените сили на Република
Македонија го штитат територијалниот интегритет
и независноста на Републиката“. Во натамошните
одредби Уставот посочува дека “Одбраната на Републиката
се уредува со закон што се донесува со двотретинско
мнозинство гласови од вкупниот број пратеници“.
Законот
за одбрана врши операционализација на уставните
одредби. Според Законот, “Одбраната на Републиката
се организира како систем за одбрана на независноста
и територијалниот интегритет на Република Македонија“.
Неа ја остваруваат гарѓаните, органите на државнатра
власт и вооружените сили како Армијата на Република
Македонија. При тоа, претпријатијата и јавните
установи и служби и локалната самоуправа, можат
да извршуваат определени задачи во областа на
одбраната.