Публикации



Odbrana - "ОДБРАНА" е илустрирана месечна ревија со сопствена редакција.
Списанието објавува текстови и фотографии од сите области на одбраната. Автори на текстовите се познати македонски научни работници и публицисти од таа област, а меѓу нив, значајно место заземаат воените стручњаци професионално ангажирани во Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија. Главен и одговорен уредник е Васил Дичевски.
Првиот број на списанието "Одбрана" излезе на 27 август 1992 година, истата година кога се осамостои македонската одбрана.

Адреса на редакцијата:
Министерство за одбрана
списание "ОДБРАНА"
ул. Орце Николов бб, 1000 Скопје
тел: (++389 2) 28 24 16
факс: (++389 2) 12 82 76
E-mail: odbrana@morm.gov.mk

 
Armiski zbor - "АРМИСКИ ЗБОР" е весник на Армијата на Република Македонија. Излегува секој прв четврток во месецот на 20 (16 + 4) страници, А4 формат, како додаток во дневниот весник "Вечер".
Преку развиена дописничка мрежа, во форма на вести, анализи и извештаи, "Армиски збор" ја информира јавноста за настаните во областа на одбраната, со посебен осврт на развојот на одбраната, меѓуармиската соработка, борбената обука, военото школство и здравство, негувањето на слободарските традиции, спортот и културата. Потполно е транспарентен, како во смисла на соработка така и за информирање на јавноста за прашања од областа на одбраната.
Подготовките, уредувањето и излегувањето на "Армиски збор" се во непосредна организација на посебна редакција, што ја одредува министерот за одбрана на Република Македонија. Главен и одговорен уредник е мајор Здравко Ризовски.
Првиот број на "Армиски збор" излезе на 17.08.1995 година.

Адреса на редакцијата:
Министерство за одбрана
"АРМИСКИ ЗБОР"
ул. Орце Николов бб, 1000 Скопје
тел: (++389 2) 28 24 17

 
- "СОВРЕМЕНА МАКЕДОНСКА ОДБРАНА" е теоретско списание со сопствена редакција коешто излегува двапати годишно, на B5 формат.
Во списанието се објавуваат оригинални стручни трудови: научно стручни трудови, прикази на книги, куси соопштенија, а континуирано или повремено во списанието се објавува и библиографија, календари на научни манифестации во земјата и странство, позначајни датуми, рекламирање на фирми и претпријатија и др.
Доминантните рубрики на списанието се: Општо теоретски, доктринарно-стратегиски и други теми од областа на одбраната; Геополитички, геостратегиски, военополитички и теми од меѓународен ангажман во областа на одбраната; Техничко-технолошки достигнувања, вооружување и опрема; Други рубрики од областа на безбедноста, одбраната и заштитата; и Прикази на книги, стручни трудови и др. од областа на одбраната.
Автори на текстовите се познати домашни и странски научни работници и истражувачи од областите на доминантните рубрики во списанито.
Главен и одговорен уредник е професор д-р Трајан Гоцевски од Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" - Филозофски факултет - Скопје, а заменик главен уредник е доцент д-р Сокле Кочоски, полковник од Воената академија на Република Македонија, "Генерал Михаило Апостолски" - Скопје.
Првиот број на списанието излезе на 01. јуни 2000 година.

Адреса на редакцијата:
Министерство за одбрана
"СОВРЕМЕНА МАКЕДОНСКА ОДБРАНА"
ул. Орце Николов бб, 1000 Скопје

 

Ako imate zabele{ki ili predlozi vo vrska so ovoj sajt, ispratete poraka na webmaster.
© 1998-2001 Ministry of Defence of the Republic of Macedonia, all rights reserved.