KФОР

  • Учество на Република Северна Македонија во мисијата КФОР

Владата на Република Северна Македонија, во октомври 2020 година, донесе Одлука за испраќање на 44 (2-штабни офицери во Главната команда на КФОР во Приштина, 1 штабен подофицер и 1 вод за обезбедување во Регионалната команда на КФОР – Запад во Пеќ) припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата “КФОР” во Република Косово.

Првиот контингент со македонски мировници во НАТО операцијата “КФОР” во Република Косово се упати на 01.11.2020 година (ротација: ноември 2020-април 2021). Контингентот ќе биде распореден во рамки на италијанскиот контингент.

Во следната ротација (април 2021-септември 2021) во НАТО операцијата “КФОР” учеството ќе се зголеми за 21 или вкупно 65 припадника.

Во јули 2021, дополнително ќе бидат упатени 115 припадници во мултинационалната бригада – исток (една ротација од 9 месеци) заедно со Националната гарда на Вермонт.

  • Логистичка поддршка на КФОР

Земајки ги во предвид приоритетите во делот на логистика не само во национални рамки, но и повеќе во сооднос со побарувањата и потребите на Алијансата, Координативниот центар за поддршка од земја домаќин започна со работа во април 2005 како дел од НАТО седиштето во Скопје, проект имлементиран за прв пат со земја членка на Партнерството за мир. Проектот на почетокот беше имплементиран на предлог на генералот Блис, кој во тоа време беше командант на НАТО силите во Скопје. На почетокот, проектот вклучуваше 11 офицери на АРМ, кои успешно ја завршија обуката за обврските поврзани со давање поддршка од земјата домаќин. Промовирајќи ја сопствената стручност и постигнувања, во 2006 година овие офицери станаа основата на Координативниот центар, кој постепено ги започна подготовките за превземање на задачите за поддршка на КФОР.

Во јуни 2007, со оглед на големото значење и на проектираните цели, Координативниот центар беше вклучен во формацијата на Командата за логистичка поддршка при ГШ на АРМ. На овој начин како додаток на учеството во Мисијата во Ирак, Авганистан, БиХ и Либан, АРМ учествува и во мисија за поддршка на Косово.

До сега повеќе од дваесет офицери на АРМ се обучени да работат во Координативниот центар, што од голема корист за планирањето и поддршката на слични мисии во блиска иднина за нас.

Армијата на Република Северна Македонија обезбедува  медицинска поддршка на персоналот на силите на КФОР, гориво како и ескортирање и заштита на НАТО силите за КФОР кои транзитираат низ територијата на Република Северна Македонија

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail