Продолжуваат средбите на министерот Јолевски со еминентни личности од политичкиот живот на САД

Во насока на проширување на поддршката на САД, во текот на вчерашниот ден, министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски оствари одвоени средби со неколку конгресмени кои имаат силно влијание во Конгресот. Бил Паскрел, Франк Вулф, Елиот Енгел, Тед По, се дел од конгресмените кои искажаа искрена поддршка на Република Македонија во остварување на евроатлантска интеграција и се заблагодарија за поддршката на нашата земја за придонесот во воспоставување на мирот, безбедноста и демократските вредности во Авганистан. За време на разговорите министерот Јолевски го истакна интересот за проширување и зајакнување на стратешкото партнерството. Во поглед на зајакнување на пријателството, конгресменот Френк Вулф ја поддржа идејата за размена на искуства и знаења по што предложи повеќе претставници од безбедносните сили на двете земји да се обучуваат и едуцираат во САД и во Македонија.

Во рамки на денешните активности, министерот Јолевски положи и венец со свежо цвеќе на споменикот на незнајниот јунак во Арлингтон, воедно оддавајќи почит на воените сили на САД и на оние кои го дале својот живот за глобалниот мир и безбедност.

Во Амбасадата на Република Македонија во Вашингтон беше одржан прием во чест на министерот Јолевски, на кој присуствуваа голем број актуелни и поранешни високи функционери на администрацијата на САД и Конгресот, претставници на дипломатскиот кор и воени аташеи на голем број земји, претставници на невладини организации и институции, како и други гости. Во своето пригодно обраќање пред присутните, министерот Јолевски им се заблагодари за досегашната соработка и поддршката која САД ја дава на Република Македонија и посака таквата соработка да продолжи и да се надградува во иднина. Присутните на приемот на министерот Јолевски му изразија искрена благодарност за досегашниот придонес кон зајакнувањето на билатералните односи меѓу Република Македонија и САД, како амбасадор, и му посакаа успех на новата функција – министер за одбрана на Република Македонија.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail